Претседателот Ердоган во Ашкабат се состана со иранскиот претседател Реиси

Претседателот Ердоган во Ашкабат, главниот град на Туркменистан кадешто престојува по повод 15. Самит на Организацијата за економска соработка се состана со иранскиот претседател Ибрахим Реиси.

1739710
Претседателот Ердоган во Ашкабат се состана со иранскиот претседател Реиси

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во Ашкабат, главниот град на Туркменистан се состана со иранскиот претседател Ибрахим Реиси.

Претседателот Ердоган кој по повод 15. Самит на Организацијата за економска соработка престојува во посета на Туркменистан ги започна и своите билатерални средби и разговори коишто ќе ги оствари во рамките на самитот.

Во тие рамки, претседателот Ердоган се состана со неговиот ирански колега Реиси во хотелот Каракум, каде што се одржува самитот.

На средбата којашто беше затворена за медиумите и траеше половина час, беше разговарано за билатералните односи и регионални прашања.

 

 



Слични вести