Претседателот Ердоган: Регионалната и меѓународна соработка е од витално значење во борбата против тероризмот

Претседателот Ердоган на отворањето на 15. Самит на Организацијата за економска соработка во главниот град на Туркменистан, Ашкабат истакна дека регионалната и меѓународната соработка е од витално значење во борбата против тероризмот

1739826
Претседателот Ердоган: Регионалната и меѓународна соработка е од витално значење во борбата против тероризмот
erdogan eit.jpg
erdogan eit1.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа на отворањето на 15. Самит на Организацијата за економска соработка во главниот град на Туркменистан, Ашкабат стави акцент на соработката во борбата против тероризмот.

Ердоган истакна дека регионалната и меѓународната соработка е од витално значење во борбата против тероризмот.

Велејќи „Со исчистување на нашиот регион од крвавите терористички организации како што се ПКК, ЈПГ, ФЕТО и ДЕАШ ќе бидат забрзани и спокојството, стабилноста и економскиот развој“, претседателот Ердоган упати повик до светот и во однос на кипарското прашање.

Тој рече: „Клучот на решението во кипарското прашање е да бидат регистрирани суверената еднаквост и еднаквиот меѓународен статус на кипарскиот турски народ.“

Ердоган посака од сите пријателски и братски земји без предрасуди да направат проценка на визијата за решение на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

Појаснувајќи дека напорите за развој на транспортната инфраструктура во регионот продолжуваат без забавување, претседателот Ердоган нагласи дека трговскиот обем треба да се зголеми на ниво од 100 милијарди долари.

Ердоган подвлече дека претставува заедничка желба во Авганистан кој се соочува со сериозна човечка (хуманитарна) и економска криза да се развие нов пристап на управување, а воедно истакна дека за спречување на мигрантската криза која ќе влијае на целиот регион треба да заживее економијата.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган привлече внимание дека треба да се ценат чекорите коишто ги презема Азербејџан за зголемување на просперитетот во регионот и рече: „Ние како Турција ќе продолжиме да бидеме покрај нашите браќа.“

 



Слични вести