Билатерални средби на претседателот Ердоган на 15. Самит на Организацијата за економска соработка во Ашкабат

Претседателот Ердоган на маргините на 15. Самит на Организацијата за економска соработка во Ашкабат, главниот град на Туркменистан оствари низа билатерални средби и разговори со лидерите на земјите учеснички на самитот

1739829
Билатерални средби на претседателот Ердоган на 15. Самит на Организацијата за економска соработка во Ашкабат
imamali rahman-erdogan.jpg
arif alvi-erdogan.jpg
aliyev-erdogan.jpg
erdoğan.jpg
erdogan-berdimuhamedov ve esleri.jpg
erdogan eit liderlerle.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во главниот град на Туркменистан, Ашкаба, кадешто учествуваше на 15. Самит на Организацијата за економска соработка во овие рамки оствари и низа билатерални средби и разговори со лидерите на другите земји учеснички на самитот.

Претседателот Ердоган најпрвин се состана со иранскиот претседател Ибрахим Реиси.

На средбата која беше затворена за медиумите се разговараше за билатералните односи помеѓу двете земји и регионални прашања.

Потоа, Ердоган имаше средба со претседателот на Таџикистан Имамали Рахман, а се состана и со претседателот на Пакистан Ариф Алви, како и со претседателот на Азербејџан Илхам Алиев.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Ашкабат учествуваше и на ручекот што беше приреден од страна на домаќинот претседателот на Туркменистан Гурбангули Бердимухамедов во чест на лидерите на земјите учеснички на 15. Самит на Организацијата за економска соработка.

Ручекот беше затворен за медиумите.



Слични вести