Претседателот Ердоган во Ашкабат пречекан со официјална церемонија од страна на Бердимухамедов

Претседателот Ердоган во Ашкабат беше пречекан со официјална церемонија од страна на неговиот колега претседателот на Туркменистан Гурбангули Бердимухамедов

1739638
Претседателот Ердоган во Ашкабат пречекан со официјална церемонија од страна на Бердимухамедов
erdoğan berdimuhammedov1.jpg
erdoğan berdimuhamedov3.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој отпатува во дводневна официјална посета на Туркменистан овде од страна на претседателот Гурбангули Бердомухамедов беше пречекан со официјална церемонија.

На одржаната церемонија во палатата Огузхан во главниот град Ашкабат, двајцата претседателит Ердоган и Бердимухамедов ги претставија своите делегации.

Ердоган и Бердимухамедов по официјалната церемонија на дочек  преминаа на разговори.

Двајцата лидери по разговорите присуствуваа на церемонијата на потпишување на низа договори.

По официјалниот дел од средбите и разговорите во рамките на посетата, претседателот Ердоган на 28 ноември (утре) ќе присуствува на 15. лидерски самит на Организацијата за економска соработка што ќе се одржи на тема „Заедно кон иднината“ под претседателство на претседателот на Туркменистан Гурбангули Бердимухамедов.

Претседателот Ердоган, во рамките на Самитот на кој ќе му го предаде мандатот на претседателството со организацијата на претседателот на Туркменистан Бердимухамедов, се очекува да оствари и билатерални средби со лидерите на некои земји членки на Организацијата за економска соработка.

 

 

 



Слични вести