Претседателот Ердоган отпатува во посета на Туркменистан

Претседателот Ердоган за главниот град на Туркменистан, Ашкабат замина со специјалниот авион „TRK“ од аеродромот Ататурк во Истанбул

1739509
Претседателот Ердоган отпатува во посета на Туркменистан

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган отпатуваа во официјална посета на Туркменистан.

Ердоган за главниот град на Туркменистан, Ашкабат замина со специјалниот авион „TRK“ од Аеродромот Ататурк во Истанбул.

По официјалниот дел од средбите и разговорите во рамките на посетата, претседателот Ердоган на 28 ноември (утре) ќе присуствува на 15. лидерски самит на Организацијата за економска соработка што ќе се одржи на тема „Заедно кон иднината“ под претседателство на претседателот на Туркменистан Гурбангули Бердимухамедов.

Претседателот Ердоган, во рамките на Самитот на кој ќе му го предаде мандатот на претседателството со организацијата на претседателот на Туркменистан Бердимухамедов, се очекува да оствари и билатерални средби со лидерите на некои земји членки на Организацијата за економска соработка.

 



Слични вести