Ердоган и Бердимухамедов одржаа заедничка прес конференција во Ашкабат

Претседателот Ердоган во Ашкабат се состана со претседателот на Туркменистан Гурбангули Бердомухамедов со кого потоа одржа заедничка прес конференција

1739641
Ердоган и Бердимухамедов одржаа заедничка прес конференција во Ашкабат

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој отпатува во дводневна официјална посета на Туркменистан овде од страна на претседателот Гурбангули Бердомухамедов беше пречекан со официјална церемонија.

На одржаната церемонија во палатата Огузхан во главниот град Ашкабат, двајцата претседателит Ердоган и Бердимухамедов ги претставија своите делегации.

Ердоган и Бердимухамедов по официјалната церемонија на дочек  преминаа на разговори.

Двајцата лидери по разговорите присуствуваа на церемонијата на потпишување на низа договори.

Претседателот Ердоган потоа одржа заедничка прес конференција со неговиот туркменистански колега Бердимухамедов.

Претседателот Ердоган во својот говор овде рече: „Чувствувам голема радост од тоа што сум во Туркменистан, татковината на нашите предци. По тој повод уште еднаш ја честитам 30-годишнината од независноста на Туркменистан. Во рамките на нашите братски односи, ќе продолжиме да го поддржуваме Туркменистан и неговиот успешен статус на независност.“

„Заедно со договорот што го потпишавме денеска уште повеќе ја зајакнавме договорната основа на нашите односи со братски Туркменистан. Решени сме да го зголемиме нашиот трговски обем на 5 милијарди долари.“ - порача Ердоган. 

По официјалниот дел од средбите и разговорите во рамките на посетата на Туркменистан, денеска вториот ден од посетата претседателот Ердоган ќе присуствува на 15. лидерски самит на Организацијата за економска соработка што ќе се одржи на тема „Заедно кон иднината“ под претседателство на претседателот на Туркменистан Гурбангули Бердимухамедов.

Освен тоа претседателот Ердоган, на Самитот ќе му го предаде мандатот на претседателството со организацијата на претседателот на Туркменистан Бердимухамедов.

На самитот на Организацијата за економска соработка чиј основач е Турција, ќе се разговара за трговските односи меѓу земјите членки.

 



Слични вести