Чавушоглу: „Азија се издигнува не само како производствен центар, туку и како најголем потрошувачки пазар“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека Азија се издигнува не само како производствен центар, туку и како најголем потрошувачки пазар

1739530
Чавушоглу: „Азија се издигнува не само како производствен центар, туку и како најголем потрошувачки пазар“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу говореше на состанокот на министрите за надворешни работи на Организацијата за економска соработка што се одржува во Ашкабат, главниот град на Туркменистан.

Чавушоглу истакна дека Азија се издигнува не само како производствен центар, туку и како најголем потрошувачки пазар.

Велејќи декасе доживуваат историски промени во глобалните синџири на снабдување, Чавушоглу рече: „Азија се издигнува не само како производствен центар, туку и како најголем потрошувачки пазар. Тоа нуди значајни можности за сите нас. Организацијата за економска соработка треба да дејствува како мост на трговската и економската соработка меѓу Азија и Европа.“

Чавушоглу укажа дека затоа треба да се фокусира на „транспортните и логистичките коридори“.

Тој рече: „Можеме да ја искористиме глобалната трговија само доколку можеме да ја подобриме регионалната трговија и поврзувањето.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека Самитот во Ашкабат ќе се одржи на 28 ноември (утре) и го додаде следното: „На тој ден пред 29 години бевме домаќини на 7 нови членови. Денес сме поинтегрирани повеќе од кога било досега . Верувам дека документите што ќе ги усвоиме ќе ја зајакнат нашата интеграција.“



Слични вести