Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган утре ќе отпатува во дводневна посета на Туркменистан

Претседателот Ердоган, од страна на неговиот колега претседателот на Туркменистан Гурбангулу Бердимухамедов во главниот град Ашкабат ќе биде пречекан со официјална церемонија

1739435
Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган утре ќе отпатува во дводневна посета на Туркменистан

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган утре ќе отпатува во дводневна посета на Туркменистан.

Претседателот Ердоган, од страна на неговиот колега претседателот на Туркменистан Гурбангулу Бердимухамедов во главниот град Ашкабат ќе биде пречекан со официјална церемонија. 

За време на посетата ќе се одржат средби лице в лице и меѓуделегациски разговори, а ќе бидат разгледани со сите нивни аспекти и билатералните односи помеѓу двете земји.

По разговорите ќе бидат потпишани и низа билатерални договори.

Претседателот Ердоган, на вториот ден од посетата на Туркменистан ќе учествува на 15. Самит на Организацијата за економска соработка.

На самитот ќе се разговара за трговските односи меѓу земјите членки на организацијата чиј основач е  и Турција.



Слични вести