Претседателот Ердоган: Турција располага со најбрз, најефикасен, најпрактичен систем на интервенција при катастрофи

Претседателот Ердоган истакна дека Турција располага со најбрз, најефикасен и најпрактичен систем на интервенција на светот при елементарни непогоди (катастрофи)

1739380
Претседателот Ердоган: Турција располага со најбрз, најефикасен, најпрактичен систем на интервенција при катастрофи

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган денеска во Измир говореше на церемонијата на предавање на изградените станови за граѓаните чии домови беа срушени во земјотресот во октомври 2020 година.

Ердоган истакна дека Турција располага со најбрз, најефикасен и најпрактичен систем на интервенција на светот, при елементарни непогоди (катастрофи).

Нагласувајќи дека работат деноноќно за санирање  на раните на оштетените од земјотресот (во земјотресот што се случи во Измир пред една година), претседателот Ердоган рече: „Никого не оставивме гладен, на отворено, незаштитен, сам, беспомошен. Ние ги решивме сите прашања на нашите граѓани кои ја трпат болката од загубените животи и нивните срушени куќи, без да ги вовлечеме во дополнителни тешкотии.“

„Онака како што за кусо време од само една година порано изградивме нови згради во Елазиг и во Малатија на местото на оние кои беа срушени, истото го направивме и во Измир,“ - рече Ердоган и истакна дека по земјотресот не само што беа излечени раните предизвикани од оваа катастрофа, истоврмеено беа забрзани и тековните работи за урбана трансформација во Измир.

Велејќи „Го направивме она што им го ветивме на нашата земја и на нашите граѓани“, Ердоган рече: „Нашата земја располага со најбрз, најефикасен и најпрактичен систем на интервенција на светот, при елементарни непогоди (катастрофи).“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган посака да бидат аирлија за новните нови сопственици новоизградените станови за граѓаните кои останаа без своите домови во земјотресот во Измир во октомври во 2020 година.

 



Слични вести