Претседателот Ердоган свечено го отвори стадионот „Алсанџак Мустафа Денизли“ во Измир

На стадионот „Алсанџак Мустафа Денизли“ со капацитет за 14 илјади лица кој беше изграден наново од страна на Министерството за младина и спорт, натпреварите се планира да почнат да се одигруваат во втората половина од сезоната 2021-2022

1739419
Претседателот Ердоган свечено го отвори стадионот „Алсанџак Мустафа Денизли“ во Измир
erdogan mustafa denizli.jpg
erdogan mustafa denizli.jpg

Претседателот Ердоган свечено го отвори стадионот „Алсанџак Мустафа Денизли“ во Измир.

Ердоган во говорот што го одржа на церемонијата на свечено колективно отворање на неколку новоизградени објекти истакна дека клубовите Алтај и Алтинорду заедно братски ќе го користат стадионот чија изградба е завршена.  

Велејќи „Нашиот стадион е подобар од англиските“, претседателот Ердоган рече: „(Овој стадион) е сосема поинаков. Внатре воедно и на покриените места имаме младински центар. Не само фудбал, во младинскиот центар, ќе бидете заедно со вашите книги, ќе седете, а заедно со тоа ќе продолжете да ги извршувате и вашите работи.“

На претседателот Ердоган кој по свеченото пресекување на црвената лента го прошета стадионот, од страна техничкиот директор на Алтај Мустафа Денизли и претседателот на клубот Алтај Озгур Екмекчиоглу му беше подарен дрес.

На стадионот „Алсанџак Мустафа Денизли“ со капацитет за 14 илјади лица кој беше изграден наново од страна на Министерството за младина и спорт, натпреварите се планира да почнат да се одигруваат во втората половина од сезоната 2021-2022.

На стадионот Алсанџак како што беше познат по неговото старо име кој беше домаќин на мечот помеѓу Измирспор и Бејкоз во Супер лигата која започна во 1959 година, првиот гол во лигата е постигнат на 21 февруари 1959 година.

Камен темелникот на стадионот чии работи за уривање поради безбедносни причи беа завршени во 2015 година, беше поставен на 9 септември 2017 година.



Слични вести