Порака од Ердоган по повод 5 ноември, Меѓународниот ден за борба против насилството врз жената

Претседателот Ердоган напиша: „25 ноември, Меѓународниот ден за борба против насилството врз жената, да стане повод за целосно елиминирање на овој проблем, против кој пред сѐ се испречуваат нашето верување, нашата цивилизација и нашите вредности“

1738928
Порака од Ердоган по повод 5 ноември, Меѓународниот ден за борба против насилството врз жената

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели порака по повод 25 ноември, Меѓународниот ден за борба против насилството врз жената.

Ердоган во пораката напиша: „25 ноември, Меѓународниот ден за борба против насилството врз жената, да стане повод за целосно елиминирање на овој проблем, против кој пред сѐ се испречуваат нашето верување, нашата цивилизација и нашите вредности. Насилството врз жената кое претставува прекршување на човековите права, за жал е проблем на целиот свет. /…/. Не треба да заборавиме дека борбата против насилството врз жената истовремено е и борба за заштита на правата, правото и честа на нашите мајки, сопруги и нашите ќерки. Елиминирањето на овој проблем претставува верување на сите средини на општеството. Ставањето крај на овој проблем е можно со верување, труд и договор на сите средини.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својата објава нагласи дека се решени во борбата против насилството врз жената и го додаде следното: „Досега бевме покрај жените во нивната борба за права на секое поле и ќе продолжиме да го правиме тоа. Се надевам дека со зајакнување на нашите хумани (човечки) и морални вредности целосно ќе го елиминираме насилството врз жената. Во тоа сме одлучни.“



Слични вести