Министерот Акар заедно со воениот врв во посета на Командата на јужното морско подрачје во Измир

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар заедно со командниот врв на Турските вооружени сили (ТВС) ја посети и беше во обиколка на Командата на јужното морско подрачје во Измир

1739285
Министерот Акар заедно со воениот врв во посета на Командата на јужното морско подрачје во Измир

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во придружба на командниот врв на Турските вооружени сили (ТВС) ја посети и беше во обиколка на Командата на јужното морско подрачје во Измир.

Министерот Акар заедно со началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер, командантот на Копнените сили генерал на армија Муса Авсевер, командантот на Поморските сили адмирал Аднан Озбал и командантот на Воздушните сили генерал на армија Хасан Ќучукакјуз, по посетата на Командата на егејската армија премина во Командата на јужното морско подрачје.

Овде министерот Хулуси Акар и командниот врв беа пречекани од страна на командантот на јужното морско подрачје вицеадмирал Кадир Јилдиз.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар ја поздрави почесната гарда и се потпиша во спомен книгата, а потоа беше информиран во врска со активностите на командата и им издаде директиви на војниците.

 

 



Слични вести