Фуат Октај: Турција реализира речиси револуција во одбранбената индустрија

Потпретседателот Фуат Октај истакна дека Турција реализира речиси револуција во одбранбената индустрија

1739409
Фуат Октај: Турција реализира речиси револуција во одбранбената индустрија

Потпретседателот Фуат Октај во Комисијата за планирање и буџет во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) имаше презентација за буџетот на претседателството за 2022 година.

Октај истакна дека Турција реализира речиси револуција во одбранбената индустрија.

Велејќи дека бројот на фирмите/компаниите кои работат во секторот на одбранбената индустрија во Турција надмина 1.500, Октај нагласи дека во 2021 година започна испораката на беспилотните летала „Акинџи“ и „Аксунгур“ кои располагаат со капацитет за носење на голем корисен товар (голема носивост) и кои можат да останат долго време во воздух и дека исто така продолжува испораката и на хеликоптерите „Атак“.

Фуат Октај појасни дека во на полето на воздушната одбрана е испорачан системот „Хисар А“ со сите негови елементи и продолжи со следните зборови: „Се премина на сериско производство во проектот ХИСАР О, кој уништува цели со голема брзина од долг дострел и на голема надморска височина. Започнати се Блок-1 тестирањата на нашиот систем СИПЕР“.

Октај изјави дека успешно е реализирано палењето на моторот БАТУ со 1.500 коњски сили кој е развиен за да ги задоволи потребите за моќност на тенковите и разни оклопни возила, во врска со што рече: „Нашите оклопни копнени возила и разни вооружени чамци се широко користени особено во Азија и Африка.“

„Во 2022 година ќе биде завршена испораката на инфрацрвени наведувани ракети ХИСАР О, ќе започне испораката на преносливите ракети за противвоздушна одбрана Сунгур на мала надморска височина, военото торпедо АКЈА, МАМ-Т и Атмаџа, ќе бидат реализирани тестирањата за истрелување од копно на вертикалниот систем за истрелување, во проектот за подморница од нов тип втората подморница ќе биде носена во базен, за прв пат ќе се реализира испораката на оклопните возила со домашен мотор.“ - подвлече потпретседателот Фуат Октај.

 



Слични вести