Започна нов период во односите меѓу Турција и Обединетите Арапски Емирати: Потпишани 10 договори

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го угости во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, Мухамед бин Зајед Ал Нахјан, престолонаследникот на Абу Даби и оваа значајна посета беше заокружена со склучени договори во критични сфери

1738233
Започна нов период во односите меѓу Турција и Обединетите Арапски Емирати: Потпишани 10 договори
nahyan-erdogan bae.jpg

Како што е соопштено Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) одвоиле фонд во износ од 10 милијарди долари за инвестирање во Турција со што е започнат еден нов период во односите помеѓу двете земји.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го угости во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, Мухамед бин Зајед Ал Нахјан, престолонаследникот на Абу Даби.

Оваа значајна посета беше заокружена со склучени договори во критични сфери.

Беа потпишани низа договори во бројни сфери кои ќе ги зголемат директните инвестирања во Турција, од трговијата до енергијата и од транспортот до здравството.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и престолонаследникот на Абу Даби Мухамед бин Зајед Ал Нахјан претседаваа и со меѓуделегацискиот состанок.

На маса беа сите критични наслови кои ќе ја отворат вратата на новиот период во односите помеѓу двете земји. Беше разговарано за инвестициите, прашањата за воената и безбедносната соработка и за регионалните случувања, на чело со Либија и Сирија.

По разговорите, се премина на церемонија на потпишување на низа договори.

Покрај меморандумите за разбирање со кои ќе се развие соработката во сферите на трговијата, енергијата, петрохемијата, технологијата, транспортот, инфраструктурата, здравството и животната средина, беа потпишани и договори коишто ги опфаќаат директните инвестирања во Турција.

Претседателот на Управниот одбор на Холдингот за развој на Абу Даби Мохамед Хасан Ал Суваиди, соопшти дека Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) одвоија фонд во износ од 10 милијарди долари за инвестирање во Турција со што е започнат еден нов период во односите помеѓу двете земји.

На тој начин разговорите на високо ниво во новиот период во односите на Турција со Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ќе продолжат и во иднина.

Пртеседателот Реџеп Тајјип Ердоган потоа приреди вечера во чест на престолонаследникот на Абу Даби Мухамед бин Зајед Ал Нахјан.

Вечерата во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, беше затворена за медиумите.

 



Слични вести