Во воздушна операција на северот на Ирак се неутрализирани 6 терористи

Националната разузнавачка организација (МИТ) реализира прекугранични воздушни операции против терористи во областа Гара и планината Кандил во северниот дел на Ирак во кои се неутрализирани 6 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1738541
Во воздушна операција на северот на Ирак се неутрализирани 6 терористи

Во реализирани воздушни операции во северниот дел на Ирак се неутрализирани 6 терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Националната разузнавачка организација (МИТ) реализира прекугранични операции против терористи во северниот дел на Ирак.

Во операциите се неутрализирани четворица терористи на ПКК во областа Гара и двајца терористи во областа на планината Кандил.

Како што е утврдено меѓу неутрализираните терористи во Гара е и Нихат Герен познат под кодното име „Ботан“ еден од таканаречените одговорни за надворешни односи на ПКК/КЏК.

Од друга страна, претходно во објавеното соопштение од страна на Министерството за внатрешни работи беше соопштено дека е започната нова антитерористичка операција во подрачјето на градот Мардин, со цел исклучување на сепаратистичко-терористичката организација ПКК од дневниот ред на земјата и неутрализирање на терористите за кои се проценува дека се засолнуваат во подрачјето.

Во соопштението се вели дека во операцијата учествуваат 670 припадници на безбедносните сили составени од жандармериски командоси, тимови на специјаните жандармериски сили (ЖОХ или JÖH), на специјалните полициски сили (ПОХ или PÖH) и безбедносни чувари.

 



Слични вести