Во подрачјето на градот Мардин е започната нова антитерористичка операција „Ерен Зима-8“

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во подрачјето на градот Мардин, е започната нова зимска антитерористичка операција „Ерен Зима-8 Омерјан шехид безбедносен чувар Абдуллатиф Емен“ во која учествуваат 670 припадници на безбедносните сили

1738406
Во подрачјето на градот Мардин е започната нова антитерористичка операција „Ерен Зима-8“

Во подрачјето на градот Мардин, е започната нова зимска антитерористичка операција „Ерен Зима-8 Омерјан шехид безбедносен чувар Абдуллатиф Емен“ во која учествуваат 670 припадници на безбедносните сили.

Во објавеното соопштение од страна на Министерството за внатрешни работи се истакнува дека е започната нова антитерористичка операција во подрачјето на градот Мардин, со цел исклучување на сепаратистичко-терористичката организација ПКК од дневниот ред на земјата и неутрализирање на терористите за кои се проценува дека се засолнуваат во подрачјето.

Во операцијата учествуваат 670 припадници на безбедносните сили составени од жандармериски командоси, тимови на специјаните жандармериски сили (ЖОХ или JÖH), на специјалните полициски сили (ПОХ или PÖH) и безбедносни чувари.

Во соопштението се нагласува дека операциите „Ерен“ коишто се реализираат за целосно елиминирање на тероризмот внатре во границите на земјата со поддршката на народот се спроведуваат успешно со верба и одлучност.



Слични вести