Телеграма со благодарност од престолонаследникот на Абу Даби Бин Зајед до претседателот Ердоган

Принцот престолонаследник на Абу Даби шеикот Мухамед бин Зајед Ал Нахјан му се заблагодари на претседателот Ердоган за топлиот дочек и гостопримството за време на вчерашната остварена посета на Анкара

1738328
Телеграма со благодарност од престолонаследникот на Абу Даби Бин Зајед до претседателот Ердоган

Принцот престолонаследник на Абу Даби шеикот Мухамед бин Зајед Ал Нахјан по неговата вчерашна остварена посета на Анкара испрати телеграма со благодарност до претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Принцот Бин Зајед му се заблагодари на претседателот Ердоган за топлиот дочек и гостопримството за време на посетата за која рече дека обезбедила можност за разгледување на начините за зајакнување на односите помеѓу двете земји на начин што ќе биде во услуга на заедничките интереси, во корист на двата пријателски народи и ќе ги исполни стремежите во таа насока.

Принцот Бин Зајед му посака здравје и среќа на претседателот Ердоган, а воедно ги достави своите желби  за безбедност, стабилност и континуиран просперитет на турскиот народ.

Официјалната новинска агенција на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) „WAM“, исто така ја објави изјавата на принцот Мухамед Бин Зајед Ал Нахјан во врска со неговата споделена изјава за остварената посета на Турција.

Според тоа, принцот престолонаследник на Абу Даби Бин Зајед изјави дека во Анкара се состанал со претседателот Ердоган и рече: „Остваривме продуктивни разговори фокусирани на можностите за зајакнување на нашите економски односи“.

Велејќи дека се надеваат оти ќе бидат отворат нови и перспективни хоризонти за соработка, принцот престолонаследникот на Абу Даби шеикот Мухамед бин Зајед Ал Нахјан истакна дека сакаат да работат заедно на начин што ќе ги бидат остварени взаемните интереси и очекувањата за развој и просперитет кои ќе бидат во корист на двете земји.

 

 



Слични вести