Состанок на Советот за национална безбедност под претседателство на претседателот Ердоган

Во објавената декларација на крајот на состанокот на Советот за национална безбедност (МГК) се потврдува силната поддршка на борбата на Ирак против тероризмот, а се нагласува и значењето од одржување на мирот и спокојството на Балканот

1738866
Состанок на Советот за национална безбедност под претседателство на претседателот Ердоган

Советот за национална безбедност (МГК) се состана под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Во објавената декларација по состанокот во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, се истакнува дека од оние кои даваат нелегитимна поддршка на терористичките организации ПКК/КЏК-ПЈД/ЈПГ се очекува во најскоро време да стават крај на овие нивни активности.

Во декларацијата во која се потврдува силната поддршка на борбата на Ирак против тероризмот се нагласува и значењето од одржување на мирот и спокојството на Балканот.

Се подвлекува дека Грција со нејзината агрсивна реторика и дејствија инсистира во неисполнување на потребите на добрососедските односи и се повикуваат силите кои ја поттикнуваат Грција да се откажат од овие приоди кои ќе го нарушат спокојството во регионот и да заземат позиција во правец на правдата и мирот.

Во декларацијата се наведува дека треба да се избегнува од еднострани чекори, а со цел претседателските и парламентарните избори кои се една од критичните фази во процесот на воспоставување на средината на траен мир и просперитет во Либија да се одржат во усогласеност со правото и во спокојство и мир.

Се нагласува дека на состанокот е разговарано за случувањата во Црното Море и Кавказ, во врска со што се вели следното: „Ние сме за што поскоро решавање на споровите и несогласувањата меѓу нашите соседи на север по мирољубиви патишта, во рамките на меѓународното право и почитувањето на територијалниот интегритет на земјите;  Освен тоа е истакнато дека значајно е Ерменија да ја искористи како можност раката за мир што и се подава, целосно да го почитува прекинот на огнот и да соработува.“

Во објавената декларација на крајот на состанокот на Советот за национална безбедност (МГК) што се одржа под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, исто така се нагласува дека меѓу важните прашања за коишто беше разговарало беше и економијата, во врска со што стои следното: „Направена е проценка на предизвиците и заканите со коишто се соочува и може да се соочи Турција во процесот на ставање во примена на нејзините политики фокусирани на инвестиции, производство, вработување и извоз во согласност со нејзините цели над цврстата инфраструктура што ја изгради. Потврдена е одлучноста на 100-годишнината од нашата Република (2023) како во секоја сфера да се постигне силен развој и во економијата.“

 



Слични вести