Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 222 лица, регистрирани се 24.467 нови позитивни случаи

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 222 лица, направени се 363.043 тестирања од кои се регистрирани 24.467 нови позитивни случаи

1738867
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 222 лица, регистрирани се 24.467 нови позитивни случаи

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 222 лица.

Во изминатото деноноќие се направени 363.043 тестирања од кои се регистрирани 24.467 нови позитивни случаи.

Бројот на оздравени од Ковид-19 во изминатите 24 часа е 29.639 лица.

Вкупниот број на администрирани дози вакцини во Турција со првата, втората и третата доза се зголеми на 119 милиони 848 илјади 939.

 

 



Слични вести