Во реализирана операција во руралното подрачје на Тунџели се уништени 9 скривници на терористите

Припадниците на градската команда на жандармеријата во рамките на операцијата „Ерен-6“ реализираа операција против терористите во руралното подрачје на населеното место Назимије кај Тунџели при што се уништени 9 скривници на терористичката ПКК

1738196
Во реализирана операција во руралното подрачје на Тунџели се уништени 9 скривници на терористите

Во реализирана операција во руралното подрачје на населеното место Назимије кај градот Тунџели се уништени 9 скривници кои биле користени од страна на терористите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Според објавеното соопштение од Губернијата на Тунџели, припадниците на градската команда на жандармеријата во рамките на операцијата „Ерен-6“ реализираа операција против терористите во руралното подрачје на населеното место Назимије.

Безбедносните сили кои реализираа пребарување на теренот со специјално обучени кучиња утврдија 9 скривници за коишто е установено дека се користени од страна на терористите.

Во реализираните пребарувања во уништените скривници се запленети големи количини муниција и материјали за обезбедување на животните потреби на терористите.

За спречување на зимското сместување на терористите во подрачјето и нивните префрлување меѓу градовите продолжуваат да се реализираат антитерористички операции со учество на 1.060 припадници на безбедносните сили.



Слични вести