Во подрачјето на операцијата Извор на мирот на северот на Сирија загина еден турски војник

Министерството за национална одбрана соопшти дека во подрачјето на операцијата Извор на мирот во северниот дел на Сирија стана шехид (загина) еден турски војник, пешадискиот мајор Мете Јилдирим

1737826
Во подрачјето на операцијата Извор на мирот на северот на Сирија загина еден турски војник

Во подрачјето на операцијата Извор на мирот којашто се реализира од страна на Турските вооружени сили (ТВС) во северниот дел на Сирија, стана шехид (загина) еден турски војник, пешадискиот мајор Мете Јилдирим.

Во објавеното писмено соопштение од страна на Министерството за национална одбрана се истакнува дека пешадискиот мајор Мете Јилдирим кој беше ранет при несреќа со оружје во подрачјето на операцијата Извор на мирот веднаш беше префлрен во болница, но и покрај сите напори на лекарите им подлегна на раните и стана шехид (го загуби животот). 

Во соопштението на Министерството се вели следното: „На нашиот честит шехид (загинат) во овој жалосен настан кој не облеа сите во длабока болка и жалост му посакуваме милост од Аллах, изразуваме сочувство до неговото ожалостено семејство, до Турските вооружени сили (ТВС) и до нашиот племенит народ, им посакуваме трпение.“



Слични вести