Претседателот Ердоган со сочувство за загинатите во трагичната несреќа на автобусот од Северна Македонија

Претседателот Ердоган во пораката со сочувство што ја објави на својот профил на Твитер напиша: „Длабоко се растажив по трагичната несреќа што ја доживеаа во Бугарија нашите браќа и сестри од Северна Македонија, кои патуваа од Истанбул за Скопје“

1738261
Претседателот Ердоган со сочувство за загинатите во трагичната несреќа на автобусот од Северна Македонија
Cumhurbaşkanı Erdoğan Kuzey Makedonya Otobüs Kazası Başsağlığı.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган упати порака со сочувство за трагичната несреќа во Бугарија на автобусот од Северна Македонија во која животите ги загубија 46 лица, а седуммина беа повредени.

Претседателот Ердоган во својата порака со сочувство што ја објави на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Длабоко се растажив поради трагичната несреќа што ја доживеаа во Бугарија нашите браќа/сестри од Северна Македонија, кои патуваа со автобус од Истанбул за Скопје. На нашите браќа/сестри кои ги загубија своите животи во оваа трагична несреќа која длабоко ме растажи мене и турскиот народ, им посакувам милост од Аллах, на нивните ожалостени семејства им посакувам трпение. Упатувам сочувство до Владата и народот на Северна Македонија,на нашите повредени браќа/сестри им посакувам побрзо оздравување.“



Слични вести