Претседателот Ердоган: Одлучни сме да ја браниме до крај палестинската кауза

Претседателот Ердоган во видео пораката што ја испрати до 37. министерски состанок на Постојаниот комитет за економска и трговска соработка на Организацијата за исламска соработка истакна дека Турција е одлучна да ја брани до крај палестинската кауза

1738202
Претседателот Ердоган: Одлучни сме да ја браниме до крај палестинската кауза

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган  испрати видео порака до 37. министерски состанок на Постојаниот комитет за економска и трговска соработка (ИСЕДАК) на Организацијата за исламска соработка (ОИС) што се одржува на 24-25 ноември во Истанбул.

Претседателот Ердоган нагласи дека Турција е одлучна да ја брани до крај палестинската кауза и рече: „Како земји членки на Организацијата за исламска соработка (ОИС) треба да се оградиме (да избегнуваме) од секој потег кој би можел да ја ослабне палестинската кауза (борба).“

Тој во пораката го истакна следното: „Треба да ги сопреме политиките на Израел за изградба на незаконски населби, рушење, присилно раселување, запленување, конфискување и евакуирање во Источен Ерусалим (Кудс) и на Западниот Брег.“

Велејќи „Одлучни сме да ја браниме до крај нашата палестинска кауза. Како земји членки на Организацијата за исламска соработка (ОИС) треба да се оградиме (да избегнуваме) од секој потег кој би можел да ја ослабне палестинската кауза (борба).“ - претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го додаде и следното: „Со голема чувствителност ја следиме состојбата на Турците Ујгури и другите муслимански малцинства во Ујгурската автономна област Синкјанг (Ксинџијанг).“

Тој му честиташе на Хусеин Ибрахим Тахи за изборот за нов генерален секретар на Организацијата за исламска соработка (ОИС) и напомена дека исламскиот свет мора да се соочи со последиците на пандемијата на Ковид-19, но и со други кризи кои ги предизвикуваат тероризмот, сиромаштијата и судирите.

Ердоган рече: „Како членки на Организацијата за исламска соработка (ОИС) ние мораме да ја зајакнеме нашата соработка, а во исто време да ја обезбедиме потребната политичка, хуманитарна и правна помош за нашите братски земји.“

Претседателот Ердоган истакна дека земјите на Организацијата за исламска соработка (ОИС) имаат братска обврска да му помогнат на авганистанскиот народ во процесот на воспоставување на мирот и стабилноста во Авганистан.

Укажувајќи на неопходноста од спротивставување на растечкиот проблем на расизмот, ксенофобијата и антимуслиманската реторика во светот, Ердоган појасни дека трајниот мир и стабилност на Блискиот Исток треба да се градат на основа на решавање на палестинското прашање согласно идејата на две независни држави и на основа на меѓународните параметри.

Тој истакна дека без задоволување на правата на муслиманите Рохинга во Мјанмар, не може да се воспостави трајна стабилност во Аракан и дека меѓународната заедница не успеа да ја спречи и запре трагедијата и во Сирија.

„Во Сирија е неопходно да се најде решение со кое ќе се загарантира територијалниот интегритет на таа земја и ќе се овозможи безбедно враќање на луѓето во земјата. Одлучно ја продолжуваме нашата борба против терористичките организации ДЕАШ и ПКК/ЈПГ, кои се закана за интегритетот на Сирија и нашата национална безбедност.“ - порача претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во видео пораката што ја испрати до 37. министерски состанок на Постојаниот комитет за економска и трговска соработка (ИСЕДАК) на Организацијата за исламска соработка (ОИС) што се одржува на 24-25 ноември во Истанбул.

 



Слични вести