Претседателот Ердоган го пречека престолонаследникот на Абу Даби Ал Нахјан со официјална церемонија

Претседателот Ердоган го пречека принцот престолонаследник на Абу Даби шеикот Мухамед бин Зајид Ал Нахјан во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, со официјална церемонија

1738209
Претседателот Ердоган го пречека престолонаследникот на Абу Даби Ал Нахјан со официјална церемонија
Erdoğan Al Nahyan.jpg

Принцот престолонаследник на Абу Даби шеикот Мухамед бин Зајид Ал Нахјан, на покана на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган допатува во официјална посета на Турција.

Престолонаследникот Бин Зајид на Аеродромот Есенбога во Анкара беше пречекан од страна на министерот за трговија Мехмет Муш и други високи функционери.

Бин Зајид потоа во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, беше пречекан со официјална церемонија од страна на претседателот Ердоган.

Ердоган и бин Зајид ги претставија своите делегации, а потоа преминаа на средба лице в лице.

По разговорите помеѓу делегациите на чело со претседателот Ердоган и принцот престолонаследник на Абу Даби шеикот Мухамед бин Зајид Ал Нахјан, ќе бидат потпишани низа договори.

Според објавеното соопштение од страна на Одделот за комуникации на претседателството, на разговорите во Анкара ќе бидат разгледани со сите нивни димензии билатералните односи помеѓу Турција и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и ќе стане за чекорите коишто можат да се преземат за развој на соработката.

На средбите, покрај билатералните односи се предвидува да бидат разменети мислења за актуелни регионални и меѓународни прашања.

Од друга страна, во рамки на посетата на престолонаследникот на Абу Даби шеикот Мухамед бин Зајид Ал Нахјан освен тоа што ќе бидат потпишани меморандуми за разбирање со кои ќе се развие соработката помеѓу двете земји во сферата на трговијата, енерггијата и животната средина, ќе бидат потпишани и договори коишто ги опфаќаат директните инвестирања во Турција.

Министерот за индустрија и напредна технологија на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) Султан а Ал Џабир, предходно изјави дека главната цел на оваа посета е да се зголемат трговските и деловните партнерства и да се воспостават економски вредности по пат на одржливи и успешни инвестиции.

Султанот Ал Џабир нагласи дека сакаат да ја унапредат соработката со Турција во енергијата, здравството, земјоделството, логистиката, транспортот, индустријата, инфраструктурата, финансиите, туризмот, како и во климатските промени, енергијата, водата и безбедноста на храната, а воедно додаде дека се спремни за утврдување на нови цели за уште поголеми инвестирања и поголема соработка.

 



Слични вести