Турција изрази сочувство за загинатите во сообраќајната несреќа на автобусот на Северна Македонија

Изразуваме сочувство до семејствата на оние кои ги загубија животите како последица на овие трагични настани, владите и народите на Бугарија и Северна Македонија, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување

1737583
Турција изрази сочувство за загинатите во сообраќајната несреќа на автобусот на Северна Македонија

Турција упати порака со сочувство за лицата кои ги загубија животите во автобуската несреќа и пожарот во домот за стари лица во Бугарија.

Во писменото соопштение на МНР, беше изразено жалење за големиот број жртви и повредени кои загинаа како последица на пожарот во домот за старци во Варна, Бугарија и во автобуската несреќа предизвикана од патничка автобус со северномакедонска регистарска табличка во близина на градот Перник.

Во соопштението се вели: „Изразуваме сочувство до семејствата на оние кои ги загубија животите како последица на овие трагични настани, владите и народите на Бугарија и Северна Македонија, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување“.

Според веста на телевизија НОВА, автобус со северномакедонска табличка во селото Боснек во западниот дел на Софија, во близина на градот Перник, се запалил откако удрил во преградата покрај патот, а 46 северномакедонски државјани, од кои 12 биле деца, го загубиле животот.

Девет лица загинаа во пожар што избувна во дом за стари лица во селото Ројак, во близина на градот Варна на брегот на Црното Море во источна Бугарија.



Слични вести