Мустафа Шентоп со порака со сочувство за загинатите во несреќата на автобусот од Северна Македонија

Претседателот на Собранието Шентоп напиша: „Им посакувам милост на нашите браќа од Северна Македонија кои ги загубија животите во сообраќајната несреќа што се случи во Бугарија. Изразувам сочувство до Северна Македонија поради оваа трагична несреќа.“

1737776
Мустафа Шентоп со порака со сочувство за загинатите во несреќата на автобусот од Северна Македонија

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп упати порака со сочувство за загинатите во трагичната сообраќајна несреќа на автобусот со македонски регистарски таблички во Бугарија, кај селото Боснек во градскиот регион Перник западно од главниот град Софија во која загинаа 46 лица меѓу кои и деца, а седум лица се повредени.

Шентоп пораката со сочувство ја сподели на својот профил на социјалната мрежа Твитер во која напиша: „Им посакувам милост на нашите браќа од Северна Македонија кои ги загубија животите во сообраќајната несреќа што се случи во Бугарија. Изразувам сочувство до Северна Македонија поради оваа трагична несреќа.



Слични вести