Во Измир започна 40-от состанок на Мешовитиот консултативен комитет на Турција и ЕУ

Фарук Кајмакчи: „Турција во суштина не се оддалечува од местото каде што беше, туку Турција од стграна на некои земји-членки се турка поради активностите

1737167
Во Измир започна 40-от состанок на Мешовитиот консултативен комитет на Турција и ЕУ

Во Измир започна 40-от состанок на Мешовитиот консултативен комитет на Турција и Европската унија (ЕУ).

Заменик министерот за надворешни работи и претседател на одделот за евроинтеграции, амбасадорот Фарук Кајмакчи, во својот говор на отворањето на состанокот рече дека има позитивни трансформации во процесот за членство во ЕУ.

Изразувајќи надеж дека ќе ја задржат позитивната агенда, Кајмакчи рече: „Турција во суштина не се оддалечува од местото каде што беше, туку Турција од стграна на некои земји-членки се турка поради активностите. Ние дефинитивно сакаме Турција да биде оценета од перспективата на членството“.

Фарук Кајмакчи истакна дека прашањето за ПКК и тероризмот е важно за Турција.

„За нас е важно ПКК да биде вклучена во листата на терористички организации на ЕУ, но тоа не е доволно. Истото треба да се применува не само за ПКК туку и за терористичките организации како што е ФЕТО. Треба да работиме заедно на ДЕАШ, Ал Каеда и радикализацијата“.

Изразувајќи дека и прашањето за миграцијата е важна соработка, Кајмакџи рече дека односот меѓу ЕУ и Турција не може да се сведе на прашањето за миграцијата и парите. Подвлекувајќи дека парите им биле дадени на Сиријците во Турција, а не на Турција, Кајмакџи рече дека е потребна соработка за да се обезбеди враќање на сириските бегалци во северна Сирија.

Шефот на делегацијата на ЕУ во Турција, амбасадорот Николаус Мејер-Ландрут, подвлече дека Турција е навистина добар домаќин на миграцијата од почетокот на сириската криза и додаде:

„Во моментов, според официјалните записи се регистрирани 3,7 милиони сириски имигранти. Во Турција се формирани различни комитети за имигранти. Очигледно е колку треба да се работи во Авганистан, беше многу важно Турција да ги запре нерегуларните миграциски текови низ Белорусија."



Слични вести