Турција го поздрави договорот за враќање кон процесот на транзиција во Судан

МНР: „Задоволни сме што претседателот на Советот за суверенитет во Судан, генерал Абдулфетах ал Бурхан и премиерот Абдула Хамдук постигнаа договор за враќање на процесот на транзиција во рамките на Уставната декларација“

1736974
Турција го поздрави договорот за враќање кон процесот на транзиција во Судан

 

Турција изрази задоволство од постигнат договор за враќање на процесот на транзиција во Судан и повторно преземање на функцијата на премиерот Абдала Хамдук.

Во соопштението на Министерството за надворешни работи беше истакнато следното: „Задоволни сме што претседателот на Советот за суверенитет во Судан, генерал Абдулфетах ал Бурхан и премиерот Абдула Хамдук постигнаа договор за враќање на процесот на транзиција во рамките на Уставната декларација и повторното преземање на власта на премиерот Хамдук“.

Во соопштението во кое се нагласува турската поддршка на Судан и Суданците, се истакнува и важноста за земање во предвид на очекувањата на сите сегменти на суданскиот народ и зачувување на мирот и стабилноста во земјата во овој чувствителен процес низ којшто поминува Судан“.



Слични вести