Татар: „Не е можно кипарските Турци да се откажат од гаранцијата на Турција“

Cелиот кипарско турски народ е против укинувањето на гаранцијата на Турција, отстранувањето на турските војници од Кипар и враќањето на периодот пред 1974 година

1736766
Татар: „Не е можно кипарските Турци да се откажат од гаранцијата на Турција“

 

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар рече дека не е можно кипарските Турци да се откажат од гаранцијата на Турција.

Татар, во својата писмена изјава  одговори на наводите на водачот на администрацијата на кипарските Грци, Никос Анастасијадес, кој рече дека „Турција никогаш не сакала да се укинат гаранциите“ и ја обвинува Турција за непопустливост.

Ерсин Татар, формирањето на Република Кипар (1959 година) го опиша како отскочна даска за Енозис за дуото составено од Кипарските Грци (Фанариоти) и Грција, потенцирајќи дека наведеното дуо се обиде да го промени Договорот за гаранција од 1960 година и да ја отстрани гаранцијата на Турција, што тие го гледаа како закана за Енозис уште од првите денови на Републиката и преземаа иницијативи во таа насока.

Истакнувајќи дека лидерот на кипарските Грци Анастасијадес се обидува да ги искриви фактите на Кипар користејќи ја фразата „Никој да не ја обвинува грчката страна, да го погледнеме историскиот процес за да видиме кој е виновен“, Татар потсети дека кога ќе го погледнеме историскиот процес, народот на кипарските Турци е рамноправен основачки партнер на Република Кипар, но дека бил исклучен под закана со оружје и изложен на масакри.

Претседателот на ТРСК Татар рече: „Од овие причини, целиот кипарско турски народ е против укинувањето на гаранцијата на Турција, отстранувањето на турските војници од Кипар и враќањето на периодот пред 1974 година. Кипарско грчкото и грчкото дуо треба да го знае ова и да престане да трча по празни соништа.

Мојот совет до претседателот на администрацијата на кипарските Грци, Анастасијадес е поволно да пристапи кон нашите повици за дијалог, фер, траен и одржлив договор на Кипар и продолжување на мирот постигнат во 1974 година, и да го фаворизира нашето предлог решение засновано на постоењето на две одделни суверени еднакви држави во корист на Кипар и регионот, и ако бара вионовник, тогаш мора да се погледне во огледало“.



Слични вести