Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 201 лице, регистрирани се 23.347 нови позитивни случаи

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 201 лицe, направени се 352.335 тестирања од кои се регистрирани 23.347 нови позитивни случаи

1736465
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 201 лице, регистрирани се 23.347 нови позитивни случаи

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 201 лице.

Во изминатото деноноќие се направени 352.335 тестирања од кои се регистрирани 23.347 нови позитивни случаи.

Бројот на оздравени од Ковид-19 во изминатите 24 часа е 29.163 лица.

Вкупниот број на администрирани дози вакцини во Турција со првата, втората и третата доза вакцина се зголеми на 119 милиони 272 илјади 284.

 



Слични вести