Во операциите„Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ на северот на Ирак се неутрализирани вкупно 831 терорист

Министерството за национална одбрана соопшти дека во операциите „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ коишто беа започнати едновремено во април оваа година против терористичките цели во северниот дел на Ирак, досега се неутрализирани вкупно 831 терорист

1736400
Во операциите„Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ на северот на Ирак се неутрализирани вкупно 831 терорист

Во прекуграничните операции „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ („Pençe-Şimşek“ и „Pençe-Yıldırım“) коишто беа започнати едновремено во април оваа година против терористичките цели во северниот дел на Ирак, досега (за 7 месеци) се неутрализирани вкупно 831 терорист.

Според добиени информации од Министерството за национална одбрана (МНО), командосите запленија 1.281 оружје од различен вид и димензии и 316.46 парчиња муниција коишто биле користени од страна на терористите, а доведоа во неупотреблива состојба и 1.407 пештери и засолништа.

Турските војници уништија и 1.812 рачно изработени експлозивни направи подготвени од страна на терористите за нивно користење во различни напади.

 



Слични вести