Во напад на терористите на ЈПГ/ПКК врз Африн во Сирија загинаа тројца цивили, 10 мина се ранети

Губернијата на Хатај соопшти дека во реализиран напад од страна на терористите на ЈПГ/ПКК врз градчето Африн во северозападниот дел на Сирија загинаа тројца цивили, а 10 цивили се ранети

1736250
Во напад на терористите на ЈПГ/ПКК врз Африн во Сирија загинаа тројца цивили, 10 мина се ранети

Во напад на терористите припадници на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК врз градчето Африн во северозападниот дел на Сирија загинаа тројца цивили, а 10 цивили се ранети.

Во објавеното писмено соопштение од Губернијата на Хатај се истакнува дека на 19 ноември, во петокот околу 18:00 часот по турско време е реализиран напад врз центарот на градчето Африн, во северозападниот дел на Сирија.

Во соопштението се вели следното: „Од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК се истрелани 6 ракети врз центарот на Африн при што според првични добиени информации е установено дека загинаа тројца цивили, а 10 цивили се ранети. Ранетите се префрлени на лекување во околните болници. Од страна на локалните безбедносни единици кои вршат советодавна услуга под координација на нашата Губернија е воспоставената неопходната коодинација со судските органи и е започната истрага во врска со инцидентот.“



Слични вести