Портпаролот Калин разговараше телефонски со советникот за Национална безбедност на САД Саливан

Според објавеното соопштение од портпаролството на претседателскиот кабинет, во телефонскиот разговор беа разгледани прашања посветени на билатералните политички и економски односи, развојот на одбранбената соработка и глобални и регионални прашања

1736259
Портпаролот Калин разговараше телефонски со советникот за Национална безбедност на САД Саливан

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин разговараше телефонски со советникот за Национална безбедност на Соединетите Американски Држави (САД) Џејк Саливан.

Според објавеното соопштение од портпаролството на претседателскиот кабинет, во телефонскиот разговор помеѓу Калин и Саливан беа разгледани прашања посветени на билатералните политички и економски односи, развојот на одбранбената соработка и глобални и регионални прашања.

Во телефонскиот разговор беше направена детална проценка на прашања посветени на политичката ситуација и хуманитарната помош во Авганистан, територијалниот интегритет на Сирија и исчистувањето на териториите на оваа земја од тероризмот, политичкиот процес и изборите во Либија, доведувањето во трајна состојба на мирот и стабилноста во Нагорно-Карабах, загриженоста поради случувањата во источниот дел на Украина, решавањето на тензијата на белоруско-полската граница и Источниот Медитеран.

Освен тоа, во телефнскиот разговор стана збор и за деталите на заедничкиот стратешки механизам за којшто беше постигната согласност да се формира на остварената средба помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и американскиот претседател Џо Бајден за време на Самитот на Г-20 во главниот град на Италија, Рим.

 



Слични вести