Црвената полумесечина е подготвена да им помогне на луѓето кои се на белоруско-полската граница

Црвената полумесечина дејствува со истите принципи и вредности веќе 153 години

1735949
Црвената полумесечина е подготвена да им помогне на луѓето кои се на белоруско-полската граница

Турската Црвена полумесечина (Кизилај) соопшти дека е подготвена да им помогне на луѓето кои се на белоруско-полската граница и кои се обидуваат да преминат од Белорусија во Полска со цел да емигрираат во Европа.

Претседателот на турската Црвена полумесечина Керем Киник се сретна со претставниците на огранокот и волонтерите на Црвената полумесечина во филијалата на Турската Црвена полумесечина во Едрене.

Киник во својот говор во оваа прилика рече дека Црвената полумесечина дејствува со истите принципи и вредности веќе 153 години потенцирајќи: „Наша цел е да го заштитиме човечкото достоинство, да го олесниме неговото страдање, да го поддржуваме и да му дадеме поддршка за да може да го живее животот што тој го заслужува“.

Киник изјави дека турската Црвена полумесечина одиграла важна улога во нерегуларното миграциско движење во Едрене во 2020 година.

Нагласувајќи дека слично нерегуларно миграциско движење се случува на границата меѓу Белорусија и Полска, Киник рече: „Овие луѓе имаат потешкотии да ги добијат најосновните услуги за хуманитарна поддршка. Отидов во Минск и разговарав со претставниците на Црвениот крст и им кажав дека би можеле да ги поддржиме. Подоцна имавме средба со претседателот на Парламентарната асамбелја на  Европската организација за безбедност и соработка (ОБСЕ) и истакнав дека нашето искуство за ова прашање можеме да го пренесеме на Европската унија. Спремни се материјалите што ќе ги испратиме за заштитата на луѓето, особено во регионот каде што има тешки зимски услови. Очекуваме дозвола од страните за ова прашање“.

Наведувајќи дека сакаат да им ја дадат потребната поддршка на луѓето кои легално влегле во Белорусија, но кои се обидуваат да мигрираат во Европа од оваа земја, Киник рече: „Ние сме потомци на цивилизација која луѓето ги гледа како луѓе, без оглед на тоа кои се и од какво потекло се. Целото човештво треба да биде вака. „Според нас, не постојат илегални луѓе. Според нас, има луѓе кои биле принудени да мигрираат, кои биле принудени да ги напуштат своите домови поради нивната неволја. Овие луѓе се исто така кревки, осамени, слаби и имаат потреба од поголема заштита“.



Слични вести