Чавушоглу во Анкара се сретна со потпретседателот на Комисијата на ЕУ Маргаритис Схинас

Со Схинас разговаравме за проблемите со нерегуларната миграција во нашиот регион, особено во Белорусија

1735882
Чавушоглу во Анкара се сретна со потпретседателот на Комисијата на ЕУ Маргаритис Схинас

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Анкара се сретна со потпретседателот на Комисијата на Европската унија (ЕУ) Маргаритис Схинас.

Чавушоглу, средбата со Схинас ја најави преку објава на својот Твитер профил.

Министерот Чавушоглу рече: „Со потпретседателот на Комисијата на ЕУ, Схинас разговаравме за проблемите со нерегуларната миграција во нашиот регион, особено во Белорусија“.

Според информациите добиени од Делегацијата на ЕУ во Турција, денес Схинас се очекува да се сретне со потпретседателот на државата Фуат Октај и да има средба со министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу.



Слични вести