Амбасадорот на Бугарија во Анкара повикан на консултации во МНР

На амбасадорот му беше врачена нота дека се очекува да не се злоупотребува правото на граѓаните за гласање во Турција да се користи во бугарската внатрешна политика.

1735877
Амбасадорот на Бугарија во Анкара повикан на консултации во МНР

Амбасадорот на Бугарија во Анкара Ангел Христов Чолаков беше повикан на консултации во Министерството за надворешни работи (МНР) и беа демантирани наводите дека гласачите во Бугарија биле насочени од официјалните власти на Турција и дека Турција се мешала во нивните внатрешни работи.

Според информациите добиени од МНР, по повикувањето на амбасадорката на Турција во Софија Ајлин Секизќок на консултации во Министерство за надворешни работи на Бугарија, поради надовите дека наводно Турција влијаела врз претседателските и парламентарните избори на 14 ноември одржани во Бугарија и се мешала во внатрешните работи на Бугарија, заменик министерот за надворешни работи и директор за односите со ЕУ Фарук Кајмакчи го повика амбасадорот Чолаков на консултации во Министерството за надворешни работи.

Чолаков беше информиран во рамките на изборите во Бугарија, Турција ја оствари потребната соработка и ги обезбеди неопходни погодности за гласање во Турција, а беа одбиени наводите дека гласачите биле насочени од официјалните власти на Турција и дека тие се мешале во нивните внатрешни работи.

На амбасадорот му беше изразено дека е чудно да се покани турскиот амбасадор во Министерство за надворешни работи на Бугарија и на дневен ред да се изнесат неосновани обвинувања од бугарските власти и дека е неприфатливо Советот на Европа и членката на ЕУ Бугарија да реагираат на користењето на најосновните права на бугарските граѓани гласачи во Турција, нагласувајќи дека тоа е чудност.

На амбасадорот му беше врачена нота дека се очекува да не се злоупотребува правото на граѓаните за гласање во Турција да се користи во бугарската внатрешна политика.

Во соопштението беше изразена и реакцијата по повод непримерните демонстрации и однесувања пред амбасадата на РТ во Софија.



Слични вести