Турција е реизбрана за член на Извршниот одбор наУНЕСКО за мандатот 2021-2025 година

Турција ќе продолжи да придонесува кон зајакнувањето на активностите и вредностите на УНЕСКО

1735402
Турција е реизбрана за член на Извршниот одбор наУНЕСКО за мандатот 2021-2025 година

Турција е реизбрана за член на Извршниот одбор на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО) за мандатот 2021-2025 година.

Во соопштението на Министерството за надворешни работи, беше истакнато дека Турција, која беше членка на Извршниот одбор на УНЕСКО во периодот 2017-2021 година, на вчерашните избори одржани во рамките на 41. Генерална конференција на УНЕСКО, уште еднаш беше избрана за периодот 2021-2025 година,

Во соопштението се наведува дека Турција ги усвои целите и идеалите на УНЕСКО и активно ја поддржува организацијата на сите нивоа.

„(Турција) ќе продолжи да придонесува кон зајакнувањето на активностите и вредностите на УНЕСКО како член на Извршниот одбор.

Во соопштението беше посочено дека изборот на Турција за уште еден мандат за член на Извршниот одбор на УНЕСКО е резултат на нејзиното активно и успешно работење во претходниот период, како и придонесот за образованието, науката и културните вредности на глобално ниво.

Со овие избори, на кои гласаа 158 земји-членки, Турција повторно го зазеде своето место меѓу 58 од 195 земји-членки во механизмот за одлучување.

Извршниот одбор се состои од 58 земји-членки. Комитетот, кој се избира за период од 4 години, се состанува двапати годишно.



Слични вести