Турција и донира на Националната армија на Сомалија воени и амбулантни возила

Сомалиските воени функционери донираните воени и амбулантни возила ги примија со церемонија што беше организирана во Амбасадата на Турција во Могадишу

1735076
Турција и донира на Националната армија на Сомалија воени и амбулантни возила

Турција и донира воени и амбулантни возила на Националната армија на Сомалија.

Сомалиските воени функционери донираните возила ги примија со церемонија што беше организирана во Амбасадата на Турција во Могадишу.

Началникот на Генералштабот на армијата на Сомалија генерал Одава Јусуф Раге истакна дека поддршката на Турција е од клучно значење во борбата против терористичката организација Еш-Шабаб.

Како што се дознава донираните возила ќе ги користи специјалната единица „Горгор“ која е обучена во Турција.

Сомалиските војници кои се обучуваат од страна на Турција и во Сомалија и во земјата водат ефикасна борба против, терористичката организација Еш-Шабаб.

 



Слични вести