Претседателот Ердоган: На флотата на Турција за сондажа е додаден и четвртиот брод

Претседателот Ердоган истакна дека на флотата на Турција за сондажа (дупчење) е додаден и четвртиот брод

1735127
Претседателот Ердоган: На флотата на Турција за сондажа е додаден и четвртиот брод

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и лидер на владејачката Партија за правда и развој (АК Партијата) говореше пред Пратеничката група на својата партија во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) при што истакна дека на флотата на Турција за сондажа (дупчење) е додаден и четвртиот брод.

Тој рече: „Турција сè уште ги продолжува своите активности за истражување и сондажа/дупчење во Медитеранот и Црното Море со 3 брода за длабоко поморско дучење и 2 брода за сеизмички истражувања. На нашата флота за дупчење и го додадовме и нашиот четврти брод. Згора на тоа овој брод различно од другите е сосема нов брод којшто се нарекува седма генерација, кој е опремен со најмодерна и најсовремена технологија и кој за прв пат ќе го користиме ние.“

Велејќи дека во светот има вкупно 5 брода од оваа класа, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Со едниот од нив располагаме и ние. Со нашиот нов брод долг 238 метри и широк 42 метри ќе можеме да дупчиме до 3.665 метри длабочина. Фала му на Бога (Хамдолсун), со големата флота за сондажа/дупчење со којашто располагаме веќе достигнавме до капацитет да делуваме и надвор од границите на нашата земја.“



Слични вести