Министерот Донмез: По „Фатих“, „Јавуз“ и „Кануни“ Турција го доби и четвртиот брод за сондажа

Министерот Донмез во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека по бродовите за сондажа/дупчење „Фатих“, „Јавуз“ и „Кануни“ Турција на својата флота го додаде и четвртиот брод за сондажа/дупчење

1735218
Министерот Донмез: По „Фатих“, „Јавуз“ и „Кануни“ Турција го доби и четвртиот брод за сондажа
dördüncü sondaj gemisi.jpg

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез информира дека по бродовите за сондажа/дупчење „Фатих“, „Јавуз“ и „Кануни“ Турција на својата флота го додаде и четвртиот брод за сондажа/дупчење.

Министерот Донмез во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Ја изразувам мојата благодарност до сите наши вработени кои нон стоп 24/7 имаат вложено голем труд и напори на чело со нашиот почитуван претседател (Реџеп Тајјип Ердоган) во купувањето на нашиот брод за да стаса природниот гас од Црното Море до 2023 година.“

Во споделената инфографика се дадени инфромации дека бродот со должина од 238 метри, широчина 42 метри и тежина 68.000 бруто тони, располага со максимална длабочина на дупчење од 12.200 метри.

Се споделува информацијата дека четвртиот брод за сондажа/дупчење со напредна технологија од седма генерација има максимална оперативна длабочина од 3.600 метри, височина на кула од 104 метри и капацитет на екипаж од 200 лица.



Слични вести