Чавушоглу: Провокациите на Ерменија се терористички напади на териториите на Азербејџан

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во врска со азербејџанско-ерменската тензија го рече следното: „Провокациите на Ерменија се терористички напади на териториите на Азербејџан“

1735264
Чавушоглу: Провокациите на Ерменија се терористички напади на териториите на Азербејџан

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Анкара одржа заедничка прес конференција со министерот за надворшени работи на Бахреин Абдулатиф бин Рашид Алзајани.

Во оваа пригода, Чавушоглу во врска со азербејџанско-ерменската тензија го рече следното: „Џан (срцето, нашето срце) Азербејџан не е сам и нема да остане сам. Нема да го оставиме Азербејџан сам. Провокациите на Ерменија се терористички напади на териториите на Азербејџан.“

„Азербејџан и понуди на Ерменија да склучат сеопфатен мировен договор. Односно, тоа го направи страната која ја доби војната и која е посилна. Ерменија пак, веднаш по прекинот на огнот префрли некои своите војници на териториите на Азербејџан и ги нападна нашите војници. Овие ставови се погрешни. За стабилноста и мирот во регионот ќе преземеме чекори сите заедно. Ако Ерменија се изјасни за тоа и ние сме за тоа. Но со провокации Таа може само да изгуби.“ - порача министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.



Слични вести