Акар: Во инвентарот на Турските вооружени сили никако и апсолутно нема хемиско оружје

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар, одговарајќи на тврдењата за хемиско оружје го рече следното: „Во инвентарот на Турските вооружени сили (ТВС) никако и апсолутно нема хемиско оружје. Не станува збор за такво нешто.“

1734861
Акар: Во инвентарот на Турските вооружени сили никако и апсолутно нема хемиско оружје
Milli Savunma Bakanı Hulusi Akar Bütçe Görüşmeleri2.jpeg
Milli Savunma Bakanı Hulusi Akar Bütçe Görüşmeleri1.jpeg

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар на разговорите за буџетот на Министерството за национална одбрана за 2022 година во Комисијата за планирање и буџет во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ), одговараше на поставените прашања на пратениците.

Акар, одговарајќи на тврдењата за хемиско оружје го рече следното: „Во инвентарот на Турските вооружени сили (ТВС) никако, апсолутно нема хемиско оружје. Не станува збор за такво нешто. Ниту е купено, ниту скриено, ниту тајно. Гледано од страна на експерти, многу е јасно и отворено дека такво нешто нема во Турција и во склопот на Турските вооружени сили (ТВС). Меѓутоа ваквите видови тврдења периодично се повторуваат за да се оцрни борбата против тероризмот којашто се реализира од страна на Република Турција, Турските вооружени сили  (ТВС) и турските војници Мехметчик, на крајно достоинствен и транспарентен начин. Сите тие тврдења се невистинити и неосновани.“



Слични вести