Во подрачјето на градот Хаќќари е започната нова антитерористичка операција „Ерен Зима-2“

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во подрачјето на Хаќќари со 1.240 припадници на безбедносните сили е започната нова антитерористичка операција „Ерен Зима-4 шехид жандармериски војник командос Ибрахим Догу Долина Казан-висорамнина Хан“

1734449
Во подрачјето на градот Хаќќари е започната нова антитерористичка операција „Ерен Зима-2“

Во подрачјето на градот Хаќќари, во крајниот југоисточен дел на земјата, е започната нова зимска антитерористичка операција „Ерен Зима-4 шехид жандармериски војник командос Ибрахим Догу Долина Казан-висорамнина Хан“ во која учествуваат 1.240 припадници на безбедносните сили.

Според објавеното соопштение од страна на Министерството за внатрешни работи, со верба и одлучност успешно продолжуваат зимските операции Ерен за целосно исклучување на тероризмот од дневниот ред внатре во границите на земјата.

Во новата започната антитерористичка операција со цел исклучување на сепаратистичко-терористичката организација ПКК од дневниот ред на земјата и неутрализирање на терористите за кои се проценува дека се засолнуваат во подрачјето, учествуваат 1.240 припадници на безбедносните сили составени од жандармериски командоси, тимови на специјаните жандармериски сили (ЖОХ или JÖH), на специјалните полициски сили (ПОХ или PÖH) и безбедносни чувари.



Слични вести