Турција го осуди терористичкиот напад во Буркина Фасо во кој загинаа најмалку 32 лица

Министерството за надворешни работи објави соопштение со кое го осуди завчерашниот терористички напад во западноафриканската држава Буркина Фасо во кој загинаа најмалку 32 лица, а голем број лица се ранети

1734359
Турција го осуди терористичкиот напад во Буркина Фасо во кој загинаа најмалку 32 лица

Турција го осуди терористичкиот напад во западноафриканската држава Буркина Фасо во кој загинаа најмалку 32 лица, а голем број лица се ранети.

Во објавеното писмено соопштение од страна на Министерството за надворешни работи се истакнува дека со жалење е дознаено за реализираниот терористички напад во областа Сахел во Буркина Фасо во кој загинаа 32 лица од кои 28 припадници на жандармеријата и четворица цивили, а голем број лица се ранети.

Во соопштението на Министерството се вели следното: „Остро ја осудуваме оваа грозоморна терористичка акција. Го изразуваме нашето сочувство до семејствата на загинатите во нападот и до братскиот народ и владата на Буркина Фасо, на ранетите им посакуваме побрзо оздравување.“



Слични вести