Шпанскиот премиер Педро Санчез во официјална посета на Турција

Во рамките на посетата во Анкара под претседателство на претседателот Ердоган и премиерот Санчез ќе се одржи 7. меѓувладин самит помеѓу Турција и Шпанија

1734785
Шпанскиот премиер Педро Санчез во официјална посета на Турција

Шпанскиот премиер Педро Санчез на покана на претседателот Реџеп Таjjип Ердоган утре ќе допатува во во официјална посета на Турција.

Во објавеното соопштение од страна на Одделот за комуникации на претседателството се истакнува дека во рамките на посетата во Анкара под претседателство на претседателот Ердоган и премиерот Санчез ќе се одржи 7. меѓувладин самит помеѓу Турција и Шпанија.

На самитот што ќе се одржи со учество на надлежните министри ќе биде направена проценка на односите помеѓу Турција и Шпанија со сите нивни димензии, а ќе бидат разгледани и чекорите коишто можат да се преземат за развивање уште повеќе на меѓусебната соработка.

Во рамките на средбите и разговорите освен билатералните односи помеѓу Турција и Шпанија се предвидува да бидат разменети мислења и во врска со НАТО, односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) и регионални и меѓународни прашања.



Слични вести