Министерот Акар: Во 2021 година досега се неутрализирани 2.426 терористи

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар информира дека од 24 јули 2015 година внатре во земјата и во северните делови на Ирак и Сирија се неутрализирани 32.901 терорист, а од почетокот на оваа година 2.426 терористи

1734506
Министерот Акар: Во 2021 година досега се неутрализирани 2.426 терористи

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во своето излагање пред Комисијата за планирање и буџет во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) во Анкара, информира дека од 24 јули 2015 година внатре во земјата и во северните делови на Ирак и Сирија се неутрализирани 32.901 терорист, а од почетокот на оваа година 2.426 терористи.

Велејќи дека нема никакво двоумење во однос на тоа дека сепаратистичко-терористичката организација ПКК е еднаква на ЈПГ, Акар рече: „Ние сме одлучни да го спасиме нашиот племенит народ од терористичката неволја. Здивот на турските војници Мехметџик е на вратот на терористите.“

Министерот Акар појасни дека Турските вооружени сили (ТВС) се борат и за мирот, спокојството и безбедноста на пријателските и братски земји, а не само за безбедноста на својата земја.

Тој рече: „Во Либија каде што имаме 500 години братски врски се наоѓаме во правец на нашите билатерални договори и со одобрение на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ); реализираме активности за воена обука, помош и консултантски активности. Едно прашање треба добро да се разбере, ние апсолутно не сме странска сила во Либија.“

Појаснувајќи дека доколку во моментов е дојдено до одреден развој во име на стабилноста во Либија и  е започнат политички процес, тоа беше остварено со придонесите на Турција, Акар рече: „Оваа вистина ја изнесуваат и либиските власти. Нашата цел е со сфаќањето 'Либија им припаѓа на Либијците' да придонесеме за формирање на Либија која ќе го воспостави својот територијален интегритет и политичко единство и ќе живее во мир и стабилност.“

Акар напомена дека Турските вооружени сили (ТВС) до денеска презедоа значајни задачи и во Авганистан и дека  согласно резолуциите на Обединетите нации (ОН) и НАТО во склопот на Турските вооружени сили (ТВС) од 2002 година беа на задача во Авганистан приближно 20 илјади воен персонал.

Тој рече: „Ние како Турција и во иднина ќе продолжиме внимателно да ги следиме случувањата во регионот. Во тие рамки, продолжуваме да работиме заедно со Катар за управување со Аеродромот во Кабул што е значајно за целиот авганистански народ.“

Освен тоа, министерот за национална одбрана Хулуси Акар, велејќи дека се одлучни да ги одбранат правата и интересите , ѝ на Турција, ѝ на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) во Егејското Море и Источниот Медитеран, го рече следното: „И покрај нашите добронамерни повици за дијалог, се дава потребниот одговор на сите видови неправедни и незаконски дејствија на Грција на дипломатски план и на терен, во рамките на принципот на реципроцитет. Ние сме одлучни и располагаме со сила да ги одбраниме ѝ нашите сопствени права и интереси и правата и интересите на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) во Егејското Море и Источниот Медитеран.“

 



Слични вести