Мевлут Чавушоглу во Бејрут примен кај либанскиот претседател Мишел Авн

Либанскиот претседател Мишел Авн во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека во палатата Баабда во Бејрут се состана со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу

1734663
Мевлут Чавушоглу во Бејрут примен кај либанскиот претседател Мишел Авн

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој по остварената еднодневна официјална посета на Иран допатува во посета на Либан во рамките на неговите официјални средби и разговори во главниот град Бејрут беше примен кај либанскиот претседател Мишел Авн.

Претседателот Авн во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека во палатата Баабда се состана со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

По средбата, Чавушоглу даде куса изјава за новинарите и го рече следното: „Со господинот претседател разговаравме за тоа како можеме да ги развиеме односите помеѓу Турција и Либан. Му честитав за формирањето на новата Влада. Освен тоа, однапред му честитав по повод 22-ри Ноември, Националниот ден на Либан.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу информира дека во рамките на неговите официјални средби и разговори во Либан ќе се состана и со премиерот Неџиб Микати, претседателот на парламентот Небих Бери и со министерот за надворешни работи Абдалах Бухабиб.

Чавушоглу во Либан кадешто отпатува вчера по остварената официјална посета на Иран, во Бејрут најпрвин се состана со либанскиот министер за економија Амин Салам.

Мевлут Чавушоглу во споделената објава на својот профил преку социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „Се наоѓаме во Либан за официјални контакти со новата Влада. Нашата соработка со Либан ќе продолжи за неговата економска стабилност.“

 



Слични вести