Мејер-Ландрут: Турција со потпишување на Парискиот договор фрли исклучително значаен чекор

Претседателот на делегацијата на Европската унија (ЕУ) во Турција амбасадорот Николаус Мејер-Ландрут истакна дека Турција со потпишување на Парискиот договор фрли исклучително значаен чекор

1734798
Мејер-Ландрут: Турција со потпишување на Парискиот договор фрли исклучително значаен чекор

Претседателот на делегацијата на Европската унија (ЕУ) во Турција амбасадорот Николаус Мејер-Ландрут, во говорот што го одржа на отворањето на „Младинскиот климатски форум ЕУ-Турција“ што се одржува во градот Трабзон, истакна дека за да се намалат климатските промени треба да се намали глобалното затоплување и за да може да се води борба против климатските промени треба да се намалат емисиите на јаглерод диоксид.

Тој истакна дека Турција со потпишување на Парискиот договор фрли исклучително значаен чекор.

Потсетувајќи дека Турција го потпиша Парискиот договор пред приближно еден месец, Мејер-Ландрут рече: „Турција, со потпишување на Парискиот договор фрли исклучително значаен чекор. Ние сме многу задоволни од овој чекор на Турција. Со преземање на овој чекор Турција всушност зачекори по ист пат со земјите членки на Европската унија (ЕУ) и со голем број земји од светот.“

Претседателот на делегацијата на Европската унија (ЕУ) во Турција амбасадорот Николаус Мејер-Ландрут истакна дека ЕУ пред кусо време го прифати Зелениот договор, во врска со што рече: „Овој зелен договор ги поставува целите коишто земјите членки треба да ги исполнат и постигнат. Како цели се поставени емисиите на јаглерод диоксид до 2030 година да бидат намалени за 55 отсто и да се биде  јаглеродно неутрален до 2050 година. Кога ќе погледнеме, всушност овие цели се поклопуваат и со целта на Турција којашто е соопштена од страна на претседателот (Реџеп Тајјип Ердоган) да се биде  јаглеродно неутрален до 2053 година.“

 



Слични вести