Хулуси Акар и Закир Хасанов разговараа за присутната затегнатост на границата со Ерменија

Азербејџанскиот министер за одбрана Закир Хасанов го информираше министерот за национална одбрана Хулуси Акар во врска со присутната затегнатост на границата и истакна дека со одлучност е спречена провокацијата на Ерменија

1734799
Хулуси Акар и Закир Хасанов разговараа за присутната затегнатост на границата со Ерменија

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар и азербејџанскиот министер за одбрана Закир Хасанов разговараа за присутната затегнатост на границата со Ерменија.

Според објавеното соопштение од страна на Министерството за одбрана на Азербејџан, Хулуси Акар и Закир Хасанов остварија телефонски разговор.

Притоа азербејџанскиот министер за одбрана Хасанов го информираше неговиот колега Акар во врска со присутната затегнатост на границата и истакна дека со одлучност е спречена провокацијата на Ерменија.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар исто така истакна дека како секогаш така и денеска Турција стои покрај Азербејџан.

Инаку, ерменската армија со цел да заземе некои високи места на границата и да се стекне со попогодни позиции во 11:00 часот по локално време започна операција во правец на Лачин и Келбеџер.

Притоа во нападот се ранети двајца азербејџански војници.

Во иста насока операција започна и азербејџанската армија по што ерменските војници кои го извршија нападот беа разоружани и приведени.

 



Слични вести