Иранскиот претседател Реиси го прими министерот за надворешни работи Чавушоглу

Иранскиот претседател Ибрахим Реиси на приемот на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека борбата против тероризмот и организираниот криминал може да ја сочинува оската на соработка помеѓу Техеран и Анкара

1734424
Иранскиот претседател Реиси го прими министерот за надворешни работи Чавушоглу

Иранскиот претседател Ибрахим Реиси го прими министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој вчера престојуваше во еднодневна официјална посета на Техеран.

Според објавеното соопштение од кабинетот на претседателот на Иран, претседателот Реиси на приемот на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека борбата против тероризмот и организираниот криминал можат да ја сочинуваат оската на соработка помеѓу Техеран и Анкара.

Велејќи дека Иран и Турција треба да бидат спремни своите односи од сегашното ниво да ги подигнат на мултилатерална соработка, Реиси истакна дека со подготвување на долгорочен меморандум за соработка билатералните односи можат да бидат издигнати на меѓународно ниво. 

Ибрахим Реиси наведе дека блиските односи помеѓу Иран и Турција ќе бидат во услуга на мирот и стабилноста во регионот и го рече следното: „Регионалната соработка помеѓу двете земји треба да се преобрази во соработка на глобално ниво. Борбата против тероризмот и организираниот криминал можат да ја сочинуваат оската на соработка помеѓу Техеран и Анкара. Иран е спремен да го издигне нивото на соработка на тоа поле.“

Појаснувајќи дека зголемувањето на трговската и економската соработка е во интерес на народите на двете земји, Реиси истакна дека со развивање на соработката помеѓу Турција и Иран може да се влијае на рамнотежите во светот.

„Иран има длабоки верски и културни врски со Турција и Азербејџан, надвор и од нивните соседски односи.“ рече иранскиот претседател Ибрахим Реиси.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу исто така истакна дека Турција сака да ја развие соработката со Иран и го рече следното: „Новата Влада на Иран ја сметаме како плодна Влада. Ние сме одлучни да го зголемиме нивото на соработката со Техеран колку што е можно повеќе.“

Велејќи дека Турција има за цел да ја прошири својата соработка со Иран за зголемување на трговските односи и стабилноста во Кавказ, Чавушоглу го нагласи значењето на соработката со Иран во борбата против тероризмот.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер пак, го истакна следното: „Со претседателот на Иран Реиси разговаравме за нашите билатерални односи, вклучувајќи ги и трговијата, инвестициите и борбата против тероризмот, како и за најновите случувања во нашиот регион. Ја потврдивме нашата заедничка волја во правец на развивање уште повеќе на нашите односи.“

 



Слични вести